Чернобил повторно без струја
0
681
Нуклеарната централа во Чернобил повторно остана без струја откако руските сили по вторпат го оштетија високонапонскиот далновод на електраната, соопшти украинската национална енергетска компанија Укренерго.
Оштетувањето настанало кратко откако тимот на Укренерго го вратил снабдувањето со електрична енергија во објектот.
Во соопштението на компанијата се наведува дека руските сили повторно го оштетиле далноводот, кој го снабдува и градот Славутич.
Електраната во Чернобил, местото на една од најтешките нуклеарни катастрофи во светот, беше целосно исклучена од мрежата минатата недела, а електраната остана без струја откако за прв пат беше исклучен далноводот.
Исклучена струјата во Чернобил, постои опасност од истекување на радијација
Компанијата „Укренерго“ нагласи дека Чернобил е „важен објект што не може да се остави без сигурно снабдување со енергија.“
Снабдувањето со електрична енергија на жителите на Славутич зависи и од далноводот до електраната.
Руските сили ја окупираа локацијата веднаш по инвазијата на Украина на 24-ти февруари.