Кабинет на Додик- иконата подарок за Лавров не е украдена
0
48
Иконата која претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик му ја подари на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров не е украдена и е од редот на семејните осветени икони, соопштија денеска од кабинетот на Додик.
Амбасадата на Украина во БиХ му врачи на босанското министерство за надворешни работи нота во која замолуваат за дополнителни информации за потеклото на иконата од украинското културно наследство, а која Додик му ја врачи на Лавров при посетата на 14 декември.
Русија ќе ја врати иконата подарена на Лавров
Во обвинителството во БиХ потоа е формиран и предмет за да се разјасни како иконата од украинскиот град Луганск, стара 300 години стигнала во земјата и завршила како сопственост на тамошни официјални лица.
Руското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека иконата ќе им биде вратена на нејзините донатори за понатамошно разјаснување на нејзината историја преку Интерпол.