Силите на Киев и сепаратистите се повлекоа од Доњецк и Луганск
0
39
Киев и сепаратистите поддржани од Русија велат дека завршиле со повлекување на трупите и оружјето во источна Украина.
Потегот е еден од серијата мерки за градење на доверба кои можат да го отворат патот за четиридневниот самит со цел ставање крај на конфликтот во регионите Доњецк и Луганск, каде од април 2014 година загинаа повеќе од 13.000 луѓе.
Украинската армија соопшти дека украинските сили денеска напладне го завршиле повлекувањето од областа Петривск во Доњецк.
Оттаму додадоа дека расчистувањето на мините во областа треба да почне на 12 ноември, откако набљудувачи од ОБСЕ ќе го потврдат повлекувањето на силите.
Претставник на сепаратистите во Луганск претходно изјави дека дека целосно се повлекле од областа.
Исто така денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел дискутираше за плановите за одржување на самитот меѓу Украина, Русија, Франција и Германија, соопшти Кремљ.